Со повеќе од две децении искуство со реномирани производители, БЦС обезбедува услуги за систем интеграција кај компании кои имаат потреба од нов ИТ систем, мрежен систем или надоградување или проширување на нивните постоечки ИТ или мрежни системи. Ова вклучува дизајн и спроведување на интегрираните услуги кои можат да бидат приспособени и прилагодени кон единствените барања на клиентот.

По завршувањето на проектот за систем интеграцијата може да продолжиме со давање на други услуги на нашите клиенти, како на пример одржување, поддршка и подобрувања на мрежниот хардвер и софтвер, по цена која ќе биде меѓусебно договорена, во зависност од големината и времето кои се потребни за извршување на потребната работа. Услугите за одржување кои им ги нудиме на нашите клиенти ги покриваат оддалеченото одржување и одржувањето кое е на лице место.

Како што е случајот за која и да било услуга понудена од страна на БЦС, процесите и процедурите кои се користат за активностите на систем интеграцијата изведени од нашите техничари се постојано унапредувани и годишно им се прави ревизија како дел од барања за нашата ИСО 9001:2008 сертификација.

Повеќе

Услуги за систем интеграција